Nurhan Çorlu
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека Западот го покажа своето вистинско лице за прашањата за војната во Сирија, бегалците и за геноцидот во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Рамнодушноста на дивјаштвото што се случува во Сирија во последните седум години, нехуманото постапување со бегалците на граничните премини и нереагирањето на геноцидот во Аракан, го покажаа вистинското лице на Западот. Местото на вредностите како што се демократијата, човековите права и слободата сѐ повеќе почнаа да го заземаат антиисламизмот, неонацизмот и расизмот“, рече Ердоган.