АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во својата претседателска палата, учествуваше на состанокот на меѓународните економски инвеститори на високо ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
Во говорот кој тука го одржа турскиот претседател во врска со обидот за државен удар од страна на организацијата ФЕТО рече: „Овој настан, не е настан кој е испланиран однатре, план кој е изведен однатре. Јас отворено ќе кажам, овој настан е обид за државен удар изведен однатре, но со сценарио напишано однадвор.”
- „Каква е оваа демократија” -
Ердоган истакна дека некои европски земји шират пропаганда која содржи дезинформации: „На некои аеродроми од европските земји може да се забележат пораки со содржината ‘Не патувајте во Турција, доколку патувате во Турција, тогаш се зајакнува Ердоган’. Каква е оваа демократија?Јас не сум претседател кој на чело на државата дошол со државен удар. Јас станав претседател на Турција со освоени 52 отсто од гласовите на избирачите”.
- „Нив не ги боли душата како нас” -
Турскиот претседател истакнувајќи за болката која ја преживува турскиот народ рече: „Ве прашувам сега, Западот, го поддржува ли тероризмот тука или не? Западот е покрај демократијата или е покрај пучистите и тероророт? За жал, Западот го поддржува тероризмот и стои зад пучистите. Нивните души не ја чуствуваат болката која ние ја чуствуваме,”
- „Не ја добивме очекуваната поддршка од пријателите” -
Зборувајќи за различните пристапи на земјите околу обидот за државен удар во Турција, турскиот претседател рече: „Како и во нашата борба против терористичките организации, со жалење, отворено ќе кажам дека за време на обидот за државен удар а и по него, од пријателите не ја добивме очекуваната поддршка. За да се уочи оваа вистина, оваа реалност, доволно е да се погледнат реакциите за време и по обидот за државен удар”.
- „Тоа може да се сврти како бумеранг и да ги погоди и тие земји” -
Ердоган ја истакна важноста од борбата против тероризмот без страв и колебање и додаде: „Доколку на некое место постои тероризам, без колебање и страв треба да му се спротивставиме. Доколку меѓународната заедница не се усогласи во борбата против тероризмот, не застане против ваквите обиди за државен удар, тогаш нека не ми замерат, но еден ден тоа може да им се врати и на тие држави како бумеранг.”
- „Обидот за државен удар во Турција е еден од најкрвавите”-
Претседателот Ердоган за пучот рече: „Обидот за државен удар кој се случи на 15 јули, овој последниот од вооружените и невооружените обиди, е најкрвав, најотворен и најнизок пример.”
- „Меѓународните инвеститори нема да имаат загуби во Турција” -
Посочувајќи на тендерите за истанбулскиот канал и мостот кај Чанакале, Ердоган рече: „Овие проекти всушност се израз за стабилноста. Ние изработувајќи ги сите овие нешта, ниту еднаш не ја нарушивме дициплината, стабилноста, не направивме ниту еден компромис, ниту ќе направиме. Ниту еден меѓународен инвеститор кој 14 години го оди овој пат заедно со нас, досега нема загубено во Турција. Токму спротивното, постојано заработуваат, и по ова ќе заработуваат”.
- „Доколку ги сожалиме сторителите на државниот удар, тогаш ние доаѓаме во ситуација за жалење“ -
„Имаше обид за државен удар во земја управувана од демократија, засега имаме 238 лица кои херојски загинаа и околку 2.200 ранети. Ти ни велиш ‘загрижени сме’. Како можеш кон сторителите на ова, сѐ уште да им ja пружаш рака на сочуство? Можно ли е такво нешто? Никогаш нема да направиме компромис за чекорите кои ги преземаме, ако, тргајќи ги настрана исклучоците, кон овие убиjци - извршителите на обидот за државен удар, се однесуваме со жалење, тогаш ние доаѓаме во ситуација за жалење. Тоа нема да го направиме."
- „За жал, постојат и луѓе кои не се свесни за случувањата во светот” -
„За жал, во светот има многумина кои за лицето кое живее во Америка, за лицето кое се нарекува ФЕТО, ќе речат ‘дали тој е извршител на овој настан, дали тој е на чело на оваа работа, тоа не го знаеме’. Сите докази, документи, сè е на виделина."
- „Операција на купување на политичко мнение”-
Претседателот на Турција Ердоган потсети дека во англискиот весник „Тајмс”, англискиот пратеник Едвард Гарниер напиша текст со поддршка за ФЕТО за кој од приврзаниците на ФЕТО му било платено 115.994 фунти и додаде: „Луѓето вака работат. Што значи тоа? На наш јазик, за тоа би се рекло операција за купување на политичкото мнение. Тоа го прават овие луѓе. Но кога тоа ќе им го предочиме, започнуваат да се бранат и се трудат тоа да го оправдаат во рамките на легитимна психоза”.
- „Доколку имате достоинство, ќе дојдете во Турција”-
Претседателот Ердоган, околу наводите дека уапсените учесници во обидот за пуч се малтретирани го рече следното: „Амнести интернешнал зборува за наводните малтретирања од наша страна. Ние немаме толеранција кон измачувањето. Можно е во текот на судирите за време на обидот за пуч некој да добил тупаница, шлаканица по лицето. Доколку не се случило, тоа ќе ги убиеше нашите полицајци. Зар требаше велејќи ‘удрете ме’ да се бранат од пучистите. Амнести интернешнал критикува седејќи во Лондон. Доколку имате трошка достоинство ќе дојдете во Турција, прво ќе го прошетате турскиот Парламент, ќе ги прошетате просториите на специјалните единици, дојдете и разгледајте, посетете ги нашите ранети борци, кој, кому, што му направил и потоа можеме да разговараме".