СКОПЈЕ (АА) - Државниот секретар во Министерството за култура на Македонија, Беџехудин Шехаби, во врска со неуспешниот обид за државен удар на терористичката организација ФЕТО кажа дека „Турција е земја што без никакви услови ѝ подаде пријателска рака на Македонија. Овие односи заедно со владата на Партијата АК, на брз начин, во позитивна смисла заземаa други димензии и форма. Така што, борбата на Македонија против ФЕТО е долг на лојалност кон Турција“, изјави тој.
Во изјавата за новинарот на АА, Шехаби истакнува дека водејќи се според признанијата на уапсените, очигледно е дека зад обидот за државен удар од 15 јули во Турција стои терористичката организација ФЕТО.
Шехаби укажува на тоа дека некои колеџи во Македонија имаат поврзаност со ФЕТО и дека и овие образовни институции се продукт на истиот менталитет.
Тој истакнува дека образованието е сферата каде што терористичката организација ФЕТО е активна во Македонија. Во врска со мерките што треба да ги преземе македонската Влада, Шехаби изјавува: „Познато е дека овие колеџи работат според законите на Македонија, но сепак, врз основа на информациите што ќе ѝ бидат дадени на Македонија од пријателската Турција, треба да се преиспитаaт нивните активности. Нивните активности, пред сѐ, треба да се преиспитаат од страна на финансискиот и просветниот инспекторат. Пред сѐ, треба да се види во областите каде што имаат активности, дали овие образовни институции работат според законите, дали нив ги прекршуваат“, вели тој.
Шехаби забележа дека Република Македонија одблиску ја следи ситуацијата во Турција. Тој верува дека во оваа насока, во Македонија наскоро ќе се применуват сите мерки и чекори.
„Во однос на откривањето на вистината и преземањето на потребните мерки, нам ни припаѓа голема должност да се заштити државниот опстанок, непоколебливиот интегритет и демократијата на Република Турција“, изјави Шехаби.
- „Можно е Балканот да бил користен како штаб“ -
Шехаби укажува на активностите каде што институциите на ФЕТО се активни во Македонија. Во овој контекст, тој вели: „Ќе излезат на виделина работи што ги немаме предвидено, затоа што, за жал, можно е Балканот да бил искористен како нивен штаб“.
Шехаби истакна дека институциите поврзани со терористичката организација ФЕТО во Македонија реализираат активности во различни области, и додаде дека „инспекторите во Министерството за економија и образование на брз начин треба да ги реализираат своите должности“.
Потоа, во врска со ставот на македонската Влада кон терористичката организација ФЕТО, тој истакна: „Ние отворено ова го кажуваме: сите паралелни структури што се инфилтрирале во државната структура се ризични за сите земји во светот, а не само за Турција. Овие видови структури можат да донесат многу проблеми, во сите земји каде што реализираат активности“.
Шехаби потенцира дека самиот тој е сведок на поддршката, помошта и на безусловно подадената пријателска рака од Турција за Македонија. Тој понатаму вели дека овие односи во време на владењето на Партијата АК, во позитивна смисла и на брз начин заземаат други димензии. Турција е во братски односи со целиот македонски народ, без разлика на етничката припадност и политичката ориентација“, вели Шехаби. „Борбата на Македонија против ФЕТО е долг заради лојалност кон Турција“, изјави тој.
- „Македонија треба да стои против нив“ -
Шехаби обрна внимание на мерките што ќе бидат преземени против терористичката организација ФЕТО во Македонија и рече дека „Република Македонија мора да биде против сите оние што стојат зад обидот за државен удар, против мотиваторите, симпатизерите и поддржувачите.
„И покрај оваа ситуација, ако Македонија го толерира ова, јас лично сметам дека е голема навреда за човештвото“, вели тој.
Во врска со тоа дали во македонската Влада, политичките партии, дипломатијата, политиката или во различни државни институции има лица поврзани со ФЕТО или се блиски до него, Шехаби изјави: „Не можам да знам по име, но знам дека некои групи со години земаат финансиска и морална поддршка од ФЕТО“.
Тој истакна дека по потребните анализи и истражувања, ќе се идентификуваат овие личности: „Станува збор за добротворство, поддршка и помош без фактура, а тие ќе бидат обелоденети од страна на инспекторите“.
„Тие се тука, не можеме со сигурност да кажеме дека нема, но моментално немаме никакви докази за да кажеме дека се тие или овие. По истражувањата и анализите, овие докази мора да излезат“, изјави Шехаби.
Исто така, Шехаби истакна дека во Македонија, во однос на другите земји, бројот на лицата поврзани или блиски со ФЕТО е помал. „Причината за ова лежи во силната концепцијата за цивилното општество. Оваа ситуација била главната пречка приврзаниците на ФЕТО да се инфилтрираат“, изјави Шехаби.