Besar Ademi
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
ПРИШТИНА (АА) – Во рамките на посетата на потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден на Косово, неговата сопруга д-р Џил Бајден го посети манастирот во Грачаница, во близина на Приштина, каде што се сретна со владиката Теодосије и ги обиколи просториите на манастирот, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на постетата на манастирот, Џил Бајден беше придружувана од страна на нејзиниот внук и внука, и од жената на нејзиниот покоен син, Џозеф „Бо“ Бајден III, кој почина минатата година од рак на мозокот, на возраст од 46 години. По посетата на манастирот, г-ѓа Бајден продолжи во правец на Урошевац, каде што ќе учествува на церемонијата на именувањето на патот Урошевац-Гњилане со името на нејзиниот покоен син, Џосеф Р. „Бо“ Бajден III.
Манастирот Грачаница се наоѓа на левиот брег на реката Грачанка, во јужниот дел на Приштина. Денешниот манастир е реконструкција на една црква од XIV век, која пак била изградена врз темелите на една ранохристијанска базилика од VI век.
Најголемата реставрација на манастирот е направена кон крајот на XVI век, кога сите пукнатини на надворешниот нартекс биле изѕидани и биле насликани нови фрески. Манастирот во Грачаница во 2006 година беше додаден на листата на светско наследство на УНЕСКО под името „Средновековните споменици во Косово“.