Handan Kazancı
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција денеска се одбележува 737. годишнина од смртта на Ертугрул Гази, татко на Осман I, основачот на Османлиското Царство, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за традиционална манифестација чија централна програма се организира во подрачјето на Согут, во северозападната турска област Билеџик, во кое е зародишот на големото Османлиско Царство.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во својата порака по повод годишнината, истакна дека борбата на Ертугрул е најдобар пример за досегот на нација која е обединета.
„Борбата на Ертургул Гази е најконкретен и највпечатлив пример за тоа што нашата нација може да стори кога ќе се обедини“, нагласи Ердоган.
„Ние деноноќно работиме за безбедноста, мирот, благосостојбата и иднината на нашите браќа и сестри во нашата земја, како и во нашиот регион и пошироко во светот“, додаде Ердоган.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим, исто така, говорејќи на комеморацијата во турската област Билеџик, истакна дека Турција ќе спречи каква било „операција“ или „игра“ против турската економија.