Dzihat Aliju
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Џихад Алиу-
Д-р Аксу Самет, д-р во областа хемија и поранешна професорка на колеџот „Јахја Кемал“, училиште кое е поврзано со терористичката организација ФЕТО, вели дека веднаш по настаните за време на обидот за државен удар на 15. јули во Турција, без размислување одлучила да се повлече од училиштето.
Самет, која потекнува од турско семејство од Скопје, во разговор со Anadolu Agency (AA) зборуваше за својата кариера и за заминувањето од колеџот „Јахја Кемал“, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО.
Самет вели дека студиите по хемија ги завршила на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а подоцна, на истиот универзитет, исто така ги завршила и докторските студии на одделот за нанотехнологија. Таа истакнува дека нејзината желба била да работи како хемиски инженер. Но сепак, како што вели, поради ограничените можности за работа во овој сектор во Македонија, почнала да работи како наставник.
Самет истакнува дека има создадено различни трудови и дека е невработена и покрај фактот што е доктор на наука. Таа објаснува дека статиите што ги напишала заедно со своите пријатели се објавени во списанијата „Американското списание за хемија“, „Далтон трансакција“ и „Турското списание за хемија“ на ТУБИТАК (Турскиот совет за научни и технолошки истражувања).
Самет потсетува дека еден период била невработена поради ограничените можности за работа во оваа област во земјата, а потоа почнала да работи на колеџот „Јахја Кемал“. Таа истакнува дека на овој колеџ, како професорка има работна кариера од 15 години.
Нагласувајќи дека поради незадоволството што траело со години и поради проблемите во работната средина сакала да замине од работа, Самет раскажа:
„На 15. јули се случи еден настан што никој не би можел да го замисли. Таа ноќ го следев развојот на настаните на телевизија, до утринските часови. Ноќта ја поминав како регистрирана наставничка на колеџот „Јахја Кемал“ и навистина жалам за тоа. Веднаш, без размислување, без да мислам за егзистенцијата и за она што ќе се случи со мојата кариера, напорите што сум ги дала, донесов одлука и ја потпишав мојата оставка. Бидејќи тогаш беа денови на одмор, писмената оставка ја доставив на 8. август. Мислам дека го направив потребното. Не се жалам“.
- Погледот на луѓето ме растажуваше
Во врска со ова, другa работа поради којашто Аксу Самет се чувствувала тажно е тоа што луѓето ја гледале со сомнеж кога барала работа. Самет вели дека во училиштето работела само професионално.
Самет ги повика лицата што ја гледаат со сомнеж да имаат разбирање. „Замислете дека работите во една компанија професионално. Се будите наутро и дознавате дека компанијата е обвинета во врска со тероризам. Која е вашата вина како вработен? Имаше само едно нешто што можев да го направам како поединец, и јас го направив тоа поднесувајќи оставка“, истакнува Самет.
- Турција ни даде многу помош
Самет раскажува дека во периодот кога работела на колеџот немало зголемување на платата или унапредување, и дека луѓето што биле вработени по неа, па дури и нејзини поранешни ученици, биле унапредени. Таа смета дека училиштето применило двојни стандарди кон неа.
„Како Турчинка од Македонија, во ова место, кое е именувано како ‘турско училиште’, досега сум се чувствувала како запоставена професорка“, вели Самет.
Зборувајќи за своите чувства кон Турција, како Турчинка родена и порасната во Македонија, Самет продолжува: „Пред сѐ, Турција е нашата татковина. Како што е важна Македонија во која живееме, така и Турција е важна за нас. Ние пораснавме со Турција. Пораснавме со турските телевизии. Турција постои во нашиот живот. Верувам дека ова важи и за сите Турци што живеат на Балканот. Во ноќта на 15. јули, сите внимателно ги следевме телевизиите. Во изминатите десет години, Турција ни даде многу помош. Ние сме многу задоволни од ова“.