Halit Süleyman
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 18 цивили загинаа, а 50 се повредени во воздушните напади изведени од страна на силите на сирискиот режим и неговиот сојузник Русија во одредени делови на Алепо, кои се под контрола на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната заштита од Алепо, Ебу Лејс, за АА изјави дека руските авиони и хеликоптерите на сириската армија изведоа нови жестоки воздушни напади врз населените места Кастиљо, Џиср Хаџ, Бедијин и Мујесир.
Истиот извор вели дека нападите биле извршени со разорните „барел и „ вакум” бомби.
Според првичните информации од теренот, во нападите загинаа најмалку 18 лица, а повредени се 50 цивили, меѓу кои поголем број се жени и деца.
„Нападите сè уште траат, а спасувачките тимови на Цивилната заштита работат во исклучително тешки услови на терен во пребарување на урнатините од зградите. Сирискиот режим и Русија секој ден во Алепо вршат нови масакри. Градот гори, меѓународната заедница мора да направи дополнителни притисоци со цел ставање крај на овие напади”, порача Ебу Лејс.