Hilal Uştuk
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во пресрет на премиерата на 13 февруари, во Истанбул се одржа проби на театарската претстава наречена „Блажена љубов" која е специфична по тоа што турскиот актер Ерхан Јазичоглу се појавува трансформиран во ликот на претседателот на Соединетите Американски земја (САД), Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставата „Благословена љубов" премиерно ќе се одигра на 13 февруари во Домот на културата и изложбениот центар Трамп во Истанбул.
Актерот Ерхан Јазичоглу, кој го игра Трамп во оваа претстава, на прес-конференција објасни како се појавила идејата за ликот на новиот американски лидер.
„Разговаравме со директорот Боро Северџан и така дојдовме до идеја во претставата да се појави Трамп. Тогаш разговаравме за тоа како да го ускладиме неговиот лик во претставата. Почнав да го следам, сите негови потези, вистинските движења, неговите грешки и тоа го пренесовме на театарската сцена на еден ироничен начин", рече Јазичоглу.
Тој посочи дека претставата се занимава со односот помеѓу луѓето и љубовта, но има и политички елементи.
„Мислам дека на крајот направивме нешто убаво и се надеваме дека тоа ќе им се допадне на публиката", рече Јазичоглу, кој е во својата богата кариера ги одигра ликовите на двајца турски претседатели Тургут Озал и Сулејман Демирел.
Тој додаде дека не е лесно да се игра ликот на политичар или државник.
„Кога толкувате таков лик, гледачите кои го сакаат, односот кон вас го градат врз основа на она што ќе го кажете за него. И тоа е таа лиија. Така да, тоа го имавме во предвид и го претставивме на еден карикатурален начин, без големо навлегување во детали. Нашата цел беше да ги забавиме луѓето во овие тешки времиња", рече Јазиџиоглу.