Faruk Zorlu
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската метропола Истанбул од 5 до 8 септември ќе биде домаќин на „ГејмИкс“ (GameX), Меѓународниот саем за дигитални игри, јавува Аnadolu Agency (AA).
Саемот нуди широк спектар на содржини, меѓу кои и турнири, искуства со виртуелната реалност, трки со дронови и роботи, перформанс со костуми, како и голем број компјутерски игри, мобилни платформи и видеоигри.
Оваа година саемот ќе се одржи во Конвенцискиот и саемски центар (TUYAP) во истанбулската крајбрежна населба Бујукчекмеџе, на европската страна на градот.
Саемот ќе биде домаќин на изработувачи на игри, издавачи на игри и брендови од индустријата за видеоигри.
Покрај останатото, ќе бидат организирани и турнири во киберспортови, сесии за автограми, простор за индивидуални автори, конференции, работилници и други активности во рамки на таа заедница.
Овој саем кој има голема посетеност, е еден од најголемите фестивали во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.
На саемот, кој од 2000 година бил домаќин на над 2,5 милиони посетители, ќе се стави акцент и на унапредувањето на индустријата на дигитални игри.