култура и уметност

Турција: Во Татарли Хојук пронајдена „јама за отпадоци“ што датира од пред 4.000 години

Раководителот на ископувањето, доц. д-р Сердар Гиргинер: „Јами за отпадоци се формации што ние археолозите ги сакаме на терен. Луѓето од тој период отпадоците од тоа што им се скршило, од тоа што јаделе и пиеле ги фрлале во јамите.“

İsmihan Özgüven  | 26.10.2021 - Обновена : 27.10.2021
Турција: Во Татарли Хојук пронајдена „јама за отпадоци“ што датира од пред 4.000 години Фото: Muzaffer Çağlıyaner/AA

АДАНА (АА) - ИСМИХАН ОЗЃУВЕН -

Во Татарли Хојук, кој се користел како населба непрекинато од неолитскиот период до раниот римски период, за време на ископувањата е откриена јама за отпадоци што датира од пред 4.000 години.

Ископувањата во Татарли Хојук, една од најголемите населби во Чукурова, Турција, позната како Киликија во римскиот период, продолжуваат од 2007 година од страна на екипата на Археолошкиот оддел на Факултетот за уметности и науки при Универзитетот „Чукурова“, на чело со доц. д-р Сердар Гиргинер.

На ридот лоциран во областа Татарли во областа Џејхан, ископувањата продолжуваат со поддршка на Министерството за култура и туризам на Турција, Генералниот директорат за културно наследство и музеи и Општина Адана. Оваа сезона се откопуваат остатоците од халколитскиот период.

За време на сезонските ископувања, пронајдена е јама за отпадоци што датира од првата половина на II милениум пр. н. е. и е користена во средниот бронзен период, пред околу 4.000 години.

Со ископувањата што ќе продолжат археолозите имаат за цел да добијат повеќе детали за јамата за отпадоци.

Раководителот на ископувањето, доц. д-р. Сердар Гиргинер, во изјавата за АА рече дека Татарли Хојук се наоѓа помеѓу два вулкани кои еруптирале пред 2.250.000 и 1.700.000 години.

Гиргинер, истакнувајќи дека ридот и неговата околина се наоѓаат на формација на базалтни карпи и содржат многу извори на вода поради нивната геолошка структура, рече дека оваа нивна карактеристика овозможува Татарли да се користи како населба од неолитскиот период до раниот римски период.

Исто така, Гиргинер додаде дека со ископувањата, покрај расветлувањето на историјата на градот, продолжуваат да стигнуваат до наоди кои докажуваат дека се работи за градот Лавазантија, еден од најважните градови на државата Кизуватна, каде што е родена и растела кралицата на Хетите, Пудухепа.

- „Местата за отпадоци се многу важни банки на податоци“ -

Наведувајќи дека оваа сезона работат на решавање на прашањата за праисториските времиња, Гиргинер нагласи:

„Околу 20 дена го ископуваме халколитскиот период и ќе продолжиме да работиме до крајот на годината. Ќе продолжиме да работиме и на периодот на Хетитската Империја. Халколитскиот период, од приближно пред 5.000-6.000 години, почна да излегува на виделина со разни структури. Оваа година беше многу интересно што во горните слоеви откривме јама за отпадоци, која ја датира од средното бронзено време, односно пред 4.000 години. Јами за отпадоци се формации што ние археолозите ги сакаме на терен. Луѓето од тој период отпадоците од тоа што им се скршило, од тоа што јаделе и пиеле ги фрлале во јамите. Во јамата од пред 4.000 години почнавме да откриваме стоки и култни предмети што ги користеле луѓето од тој период. Затоа за нас е прекрасно откритие. Јамите за ѓубре се многу важна банка на податоци, тие ни покажуваат луѓето од тој период какви растенија и какво месо, јадење, и какви предмети користеле.“

Гиргинер истакна дека Татарли е еден од најголемите ридови на Чукурова и дека со ископувањата почнале да добиваат информации за историјата на Адана од најраниот римски период.

Истакнувајќи дека Татарли Хојук, каде што при ископувањата се пронајдени наоди за историјата на градот, ќе биде отворен за туристите, Гиргинер рече дека ова ќе стане важно место каде посетителите ќе можат многу удобно да се прошетаат и да добијат информации за ископувањата. ​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.