Betül Yürük
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) отворена е изложба на која се претставени изменети познати уметнички дела, со кои сака да се укаже на правата на лицата со попреченост, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изложбата, чиј организатор е Фондацијата за образование и солидарност со лицата со попреченост во Истанбул (ИЗЕВ) отворена е во Центарот „Туркеви“.
Делата на познатите уметници, меѓу кои и на Леонардо да Винчи, Вермер и Рембрант, реинтерпретирани се со лица на личности со Даунов синдром.
Изложбата организирана под мотото „И ние можеме да бидеме фокус на уметничко дело“ се состои од 12 дела. Станува збор за прилагодени познатите дела „Мона Лиса“, „Девојката со бисерна обетка“, „Момчето со кошница овошје“ и други.
Генералната секретарка на ИЗЕВ, Мерве Килич за АА рече дека изложбата има за цел да го привлече вниманието на јавноста кон лицата со попреченост.
Како што истакна, изложбата прв пат е претставена во Њујорк.
„Додека ја подготвувавме изложбата користевме светски познати дела бидејќи на тој начин сакавме да ја пренесеме пораката без да се потребни зборови, без оглед каде се наоѓаме“, објасни Килич.
По САД, изложбата ќе биде претставена и во Европа.
Килич смета дека овој проект може да биде пример за проектите во иднината.