култура и уметност

Портретот на Хурем Султан во Британија продаден за 126.000 фунти

На аукцијата насловена „Исламскиот свет и уметностите на Индија“, што се одржа во Лондон, Велика Британија, на продажба беа ставени историски предмети, слики и ракописи стари 1.000 години

Hasan Esen  | 28.10.2021 - Обновена : 29.10.2021
Портретот на Хурем Султан во Британија продаден за 126.000 фунти

ЛОНДОН (АА) - Портретот на Хурем Султан е продаден за 126.000 фунти на аукцијата што ја одржа британската аукциска куќа „Сотби“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На аукцијата насловена „Исламскиот свет и уметностите на Индија“, што се одржа во Лондон, Велика Британија, на продажба беа ставени историски предмети, слики и ракописи стари 1.000 години.

Меѓу предметите на аукцијата, исто така беа и дела изработени од метал од 13 век, два пара дијамантски и смарагдни очила, позлатен Куран, астрономски инструменти и ирански минијатури.

Портретот на Хурем Султан се претпоставува дека го направил следбеник на венецијанскиот сликар Тицијан на крајот на 16 или почетокот на 17 век. На аукцијата исто така се продаваа и чинии од областа Изник ​​во Турција.

На аукцијата, делото, чија почетна цена беше 70.000 фунти, доби цена од 100 илјади фунти. Купувачот за сликата ќе плати 126.000 фунти, вклучувајќи ја и провизијата.

Едниот од двата портрети на Михрима Султан, ќерката на Сулејман Величествениот, е продаден за 13.860 фунти со провизија, а другиот за 17.600 фунти. Портретот на Сулејман Величествениот, пак, е продаден за 11.340 фунти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.