Vesna Besiç
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
ЛОНДОН (AA) - Фестивалот на орхидеи и оваа година започна во британската престолнина Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
На Фестивалот во кралската ботаничка градина „Кју Гарден“ изложени се 3.600 орхидеи во чија подготовка се вложени 1.600 часа. Ботаничарите признаваат околу 1.000 родови со 15.000 до 30.000 видови на орхидеи која многумина ја сметаат за кралица на цвеќињата. Единствено ги нема на арктичкиот мраз и во пустините.
Фестивалот се одржува повеќе од 20 години и секој пат темата е некоја друга земја.