Vesna Besic
10 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Футуристичката изложба на Винсент ван Гог, еден од најпознатите сликари на 19 век, отворена е во бразилскиот град Рио де Жанеиро, известува Агенција Анадолија (АА).
По премиерата во италијанскиот град Фиренца, визуелната изложба е претставена во Каса Франка-Бразил, кварт во Рио де Жанеиро.

Мултимедијалната изложба „Ван Гог и неговите современици - виртуелна изложба“ ги прикажува човечките и уметничките аспекти на уметникот, а промовира и дела на други сликарски великани поврзани со неговите дела, како што се Сезан, Гоген, Тулуз-Лотрек, Сутин и Модиљани.

Посетителите на изложбата имаат можност да ги погледнат проекциите на делата на холандскиот сликар и другите светски познати сликари. Изложбата е придружена со посебно подготвена музика.
