култура и уметност

Сириски графити-уметник со поддршка за палестинскиот народ

Есмер е познат по тоа што важните настани во светот ги црта на ѕидовите на срушените згради во Идлиб, а овој пат тема на неговото дело е последниот напад на израелските сили врз Палестинците.

Ahmet Karaahmet, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 08.05.2021 - Обновена : 11.05.2021
Сириски графити-уметник со поддршка за палестинскиот народ ( Foto: Muhammed Said / Anadolu Agency )

ИДЛИБ

Сирискиот графити-уметник Азиз Есмер, за да ги поддржи Палестинците што беа изложени на напад од израелските сили додека вршеле верски обреди, на ѕид во Идлиб ја нацрта џамијата „Ал Акса“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Есмер е познат по тоа што важните настани во светот ги црта на ѕидовите на срушените згради во Идлиб, а овој пат тема на неговото дело е последниот напад на израелските сили врз Палестинците.

Тој на ѕидот на една куќа во подрачјето на Биниш во Идлиб, што беше срушена за време на нападот на силите на Асадовиот режим, ја нацрта џамијата „Ал Акса“, изразувајќи љубов и поддршка за палестинскиот народ.

Графити-уметникот Есмер во изјавата за АА истакна дека ја споделуваат болката со народот на Палестина.

„Ние како жители на Идлиб ја искусивме болката на цивилите од населбата Шејх Џерах кои беа отстранети од своите домови. Ние сме против Израел. Ние го знаеме Израел како окупатор на палестинските територии“, рече тој.

Есмер нагласи дека палестинската кауза е важна од морален и човечки аспект.

„Џамијата Ал Акса е наш симбол. Палестинската кауза и сириската револуција се нашите главни каузи“, додаде Есмер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.