Dmitri Chirciu
10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
МОСКВА
Утврдено е дека лице од обезбедувањето нацртало очи со хемиско пенкало на уметничко дело вредно приближно 1 милион долари во Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што за дописникот на Агенција Анадолија (АА) ги потврди Евгенија Капитонихина од прес-службата на Центарот „Елцин“ од Екатеринбург, сликата „Три фигури“ на Ана Лепорскаја, ученичка на светски познатиот сликар Казимир Малевич, поставена на изложба во центарот, била оштетена во декември 2021 година.
Утврдено е дека на три фигури на сликата која припаѓа на Државната галерија „Третјаков“, нацртани се очи со хемиско пенкало.
По пријавата до полицијата во февруари започната е истрага во врска со оштетувањето.
Наведено е дека осомничениот, кој со хемиско пенкало нацртал очи на фигурите, било лице од обезбедувањето во центарот и дека е отпуштен од работа.
Се нагласува дека оштетувањето на сликата е во вредност од 3.350 долари (250 илјади рубли) и дека реставраторските работи на сликата продолжуваат.
Се наведува дека сликата „Три фигури“ вреди околу 1 милион долари (74.900.000 рубли).