Ekipa
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Населението од подрачјето, кое во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ е расчистено од терористите на ПЈД/ПКК, го изразуваат своето задоволство од акциите што ги спроведуваат Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија и истакнуваат дека терористичката организација со присила ги вооружувала девојчињата од арапските семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на ТСК и Слободната војска на Сирија воспоставија безбедност за цивилите во селата ослободени од рацете на терористичките организации.
Жителите на селото Дејр Балут, коешто се наоѓа подрачјето на Џиндерес во Африн, за АА зборуваа за зулумот што го преживеале од терористите на ПЈД/ПКК.
Халиме ел Мансур, жителка на селото, изјави: „По еден член од секое семејство мора да им се приклучи (ПЈД/ПКК). Доколку нема мажи, тогаш мора да им се приклучи едно девојче од семејството. Ние не сакавме да им ги дадеме нашите ќерки, но тие нè принудуваат”.
Мансур истакна дека ПЈД/ПКК со присила ги земала лицата во своите редови, со што месното население го ставала во многу тешка состојба. Таа истакна дека им олеснало откако селото е ослободено од Слободната војска на Сирија.
Мухамед Алуш, исто така жител на селото, потврди дека приклучувањето во ПЈД/ПКК било вршено со присила.
„Пред ПКК не можевме да ги кажеме нашите гледишта, а откако дојде Слободната војска на Сирија, таа многу се грижи за нас. Во моментов ние сме многу добро“, зборуваше Мухамед.
- „ПКК со присила ги вооружуваше нашите деца“ -
Фатима Халеби (65) од истото село истакна дека кога започнала операцијата многу се исплашиле.
„Кога започна операцијата многу се исплашивме. Се скривме во домовите. Кога дојде Слободната војска на Сирија, нашите деца се огласија ‘Ние сме цивили’. Ако треба искрено да се зборува, од тие моменти нозете ни се тресеа, но Слободната војска на Сирија многу добро постапи со нас”.
Халеби рече дека бидејќи биле Арапи, тие биле исклучени од страна на организацијата. Таа изјави: „Постојано спроведуваа притисоци и прогон врз нас за да се приклучиме во нивните редови. Сега сме во многу подобра ситуација од претходно. Фала му на Господ што ни го овозможи ова”.
Халеби истакна дека се соочиле со сите видови тортура од страна на ПЈД/ПКК и додаде:
„(ПЈД/ПКК) Ним ќе им служите со присила. Затоа што живеете тука, приморени сте да им плаќате данок. Еден член од секое семејство мора да им се приклучи, ако има мажи, маж, ако нема, тогаш девојчиња. Ние не сакаме да им ги дадеме нашите девојчиња. Слободната војска на Сирија многу добро се однесува кон нас. Господ да е задоволен од нив, нас не нè заплашија, могу се добри кон нас. Но за време на операцијата многу се исплашвме”.
Сожителот Ебу Хузејфе пак изјави: „ПКК со присила ги вооружи и ги зеде во своите редови нашите деца. Нашите сожители цивили, без причина ги затвораа. Правдата дојде, а лагата исчезна, бидејќи Господ секогаш е покрај преведниот”.