ИСТАНБУЛ (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК, која е приклештена со операцијата „Маслинова гранка“, ги интензивираше средбите со режимот на Асад во врска со Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија, освојувајќи 70 стратешки точки од северен, северозападен, југозападен и источен правец кон Африн, ги приклешти терористите на ПЈД/ПКК.
Терористичката организација, со цел да се заштити, по ова напредување на операцијата „Маслинова гранка“, ги интензивираше преговорите со режимот на Асад.
Во текот на изминатата недела, телевизискиот канал „Мајадин“, за кој е познато дека е близок до Хезболах кој пак има иранска поддршка, објави дека ПЈД/ПКК ги остварила првите средби со цел градот Африн да им го препушти на силите на режимот на Асад.
Според информациите до кои дојдоа новинарите на АА кои се наоѓаат на теренот, во градот Шехба, северно од Алепо, со посредство на Русија се состанале ПЈД/ПКК и претставници на режимот на Асад, но не бил постигнат договор.
- Не се договориле околу предавањето на оружјето -
Режимот на Асад ги условил терористите на ПЈД/ПКК во Африн да го остават оружјето и да се предадат, на што терористите не се сложиле. Се дознава дека преговорите продолжуваат.
Додека режимот молчи по ова прашање, претставник на ПЈД/ПКК, наводно одговорен за Африн, преку медиумските гласила на организацијата изјави дека нема да ги одбие сите оние кои ќе сакаат да ја дадат својата поддршка против Турција.
Истото лице тврди дека никого официјално не повикале во Африн.
Но, на телевизискиот канал „Kurdistan24“, кој се емитува во Северен Ирак, гостувал Резан Гило, наводно одговорен на тимот за одбрана на кантонот Џезире, признавајќи дека се во преговори со режимот на Асад со цел да се заштитат границите на Африн.
Гило рекол дека договорот не е постигнат бидејќи режимот барал оружјето да биде предадено.
- На дневен ред моделот на Мунбич -
За време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, во судирите меѓу Турските вооружени сили заедно со Слободната војска на Сирија против ПЈД/ПКК западно од градот Баб, режимот на Асад ѝ помогна на терористичката организација.
За време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, режимот на Асад, со цел да спречи каква било можност за операција на Турција насочена кон Мунбич, во граничната зона западно од Мунбич распредели свои војници.
Локални доверливи извори за АА истакнаа дека терористичката организација во Африн не сака да го предаде оружјето и не сака на режимот да му го предаде раководењето врз Африн. Затоа, во преговорите преминале на моделот кој бил употребен за Мунбич.
Според моделот на Мунбич, за кој се тврди дека режимот на Асад и ПЈД/ПКК се договориле, во Африн ќе бидат испратени одреден број воени елементи.
Војниците на режимот ќе бидат поставени во подрачјата кои се наоѓаат на фронталните линии на операцијата „Маслинова гранка“.
- Врските меѓу Асад и ПЈД/ПКК -
Постоењето на ПЈД/ПКК во Сирија започна во 1979 година, со бегството на терористичкиот лидер Абдула Оџалан во Сирија. По тој датум, учествувајќи во структурата на организацијата, во активностите на голем број конгреси и во терористичките кампови во Сирија, Оџалан околу 19 години раководеше со ПКК од Сирија.
Терористичката организација ПКК, својот прв конгрес го одржа 1981 година во Сирија. Во 1982 година, во Дамаск, главниот град на Сирија, го одржа вториот конгрес со поддршка на режимот на Хафиз Асад, донесувајќи одлука за оружена борба против Турција.
Власта на Хафиз Асад во почетокот, користејќи го Хатај и проблемот со вода создаде тензии во односите со Турција, и му помогна на ПКК во организирачките активности во северниот дел на Сирија.
Лидерството на терористичката организација ПКК, која во Сирија се сокри зад името ПЈД, доделено му е на Мерван Зеки, член на разузнавањето на Дамаск. Поранешниот наводен претседател на ПЈД/ПКК, Салих Муслим, бил одговорен за политичката канцеларија на партијата. Со наредба од Дамаск, два месеца откако Оџалан ја напушти Сирија, ПЈД на 12 октомври 1998 година го започна своето политичко дејствување.
По консензусот во Адана, откако Оџалан ја напушти Сирија, во Дамаск се спроведени раководни измени, по што се обновени и односите меѓу Асад и ПКК. По започнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година и хаосот кој настана, со поддршка на режимот на Асад, терористичката организација ПКК во северниот дел на земјата започна да се организира под називот ПЈД, создавајќи основа за формирање оружени и административни структури.