култура и уметност

Почина актерот Ирфан Кан, ѕвездата на Холивуд и Боливуд

Неговите меѓународни проекти како „Животот на Пи“ (Life of Pi), „Милионерот од гетото“ (Slumdog Millionaire) и „Моќно срце“ (A Mighty Heart), му донесоа светска слава

Ekip  | 29.04.2020 - Обновена : 29.04.2020
Почина актерот Ирфан Кан, ѕвездата на Холивуд и Боливуд

ЊУ ДЕЛХИ

Еден од најпопуларните индиски актери, ѕвездата на Боливуд и Холивуд, Ирфан Кан, почина денес во 54. година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Неговиот публицист ја потврди веста за смртта и додаде дека Кан беше голем борец кој до последен здив беше инспирација на сите луѓе околу него.

По долготрајната борба против невроендокрините карциноми, Кан неодамна беше хоспитализиран во Мумбај поради инфекција на дебелото црево. Во изминатите две години главно беше на лекување во Лондон.

Ирфан Кан во 2011 година ја доби наградата „Падма Шри“, која се смета за едно од најголемите одликувања во Индија.

Само три дена пред смртта Кан ја загуби неговата мајка Саеда Бегум која почина во 96. година. Поради забраната за движење во екот на пандемијата на Ковид-19 не можеше да присуствува на погребот на својата мајка.

Кан е роден во Рајстхан на западот на Индија во муслиманско семејство од работничка класа. Неговиот актерски талент го препозна Националната драмска академија во Делхи чијшто беше стипендист.

Последен пат се појави во филмот „Ангрези Медиум“ (Angrezi Medium), прикажан во почетокот на март оваа година. Меѓу бројните боливудски хитови во кои глумеше се и „Ланчбокс“ (Lunchbox), „Хинди Медиум“ (Hindi Medium) и „Пан Синг Томар“ (Paan Singh Tomar). Неговите меѓународни проекти како „Животот на Пи“ (Life of Pi), „Милионерот од гетото“ (Slumdog Millionaire) и „Моќно срце“ (A Mighty Heart), му донесоа светска слава.

Индиската кинематографија остана без истакнат член, а актерот Амитаб Бачан за Кан, партнерот од филмот „Пику“ (Piku) рече дека бил неверојатен талент, љубезен колега и значаен член на светската филмска индустрија.

„Веста за неговата смрт е најтажната што сум ја примил. Прерано нѐ напушти и остави голема празнина“, рече истакнатиот актер Бачачан.

Продуцентот Махеш Бат и актерските ѕвезди Нимрат Каур и Конкана Сеншарма исто така рекоа дека се тажни поради веста за смртта на Кан и порачаа дека светот нема да биде ист без него.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın