култура и уметност

Познато жирито за „Istanbul Photo Awards 2020“

Членовите на жирито ќе се сретнат во март за да го изберат победникот на меѓународниот натпревар на фотографии

Faruk Zorlu  | 22.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Познато жирито за „Istanbul Photo Awards 2020“

ИСТАНБУЛ (АА) - Членовите на жирито кое ќе одлучува за најдобрите фотографии на „6. Istanbul Photo Awards“ - меѓународен натпревар за фотографија организиран од Агенција Анадолија (АА), беа соопштени денеска.

Членови на жирито на овогодишниот „Istanbul Photo Awards“ се Јури Козјрев, фоторепортер и член на агенцијата НООР (NOOR); Мерион Мертенс, уредничка за дигитални медиуми на неделникот „Париз мач“ (Paris Match); Мишел Ското, директор за дистрибуција на фотографии и деловен развој во Агенцијата „Франс прес“ (AFP); Дебора Копакен, американски фоторепортер и автор; фоторепортерот и консултант за визуелни медиуми, Жорж де Керле, фоторепортерот на „Гети имиџис“ од полето на спортот, Камерон Спенсер, Ахмет Сел, истакнат фоторепортер на Агенција Анадолија (АА), Хасан Ојмез, главен уредник на Одделот за визуелни новости на Агенција Анадолија (АА) и Фират Јурдакул, уредник на фотографија во Агенција Анадолија.

Членовите на жирито ќе се сретнат во март за да го изберат победникот на меѓународниот натпревар на фотографии.

Организатор на „Istanbul Photo Awards“ е Агенција Анадолија, која во текот на 100-годишното постоење во новинарството работеше со голем број фоторепортери и има за цел поддршка на професијата фоторепортерство.

„Периодот за пријавување на натпреварувањето, на кое се пријавија 80 фотографи од целиот свет за време од приближно три месеци, е продолжен до 15 февруари“, се вели во соопштението на Агенцијата.

Натпреварувањето има четири категории: „Фотографија на единечна вест“, „Серија фотографии за вест“, „Единечна фотографија од спортот“, „Серија фотографии од спортот“.

Професионалните фотографи можат да се пријават преку страницата istanbulphotoawards.com.

Фотографијата која ќе победи во категориијата „Фотографија на единечна вест“ ќе биде прогласена за Фотографија на годината, а паричната награда изнесува 8.000 долари. Победниците во другите категории ќе добијат по 5.000 долари за прво место, по 3.000 долари за второ место и по 1.500 долари за третото место.

Слично како и изминатите години, и годинашните победнички фотографии ќе бидат прикажани на изложби во текот на целата година во Турција и во странство, вклучувајќи ги и градовите Њујорк, Токио и Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.