Erdoğan Çağatay Zontur
27 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Американската пејачка Били Ејлиш на 62. издание на доделувањето на наградите „Греми“ зеде златни грамофони во четири големи категории. Ејлиш доби Греми за албум на годината за нејзиниот прв албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ (Кога заспиваме, каде одиме?), кој беше награден и во категоријата поп вокален албум, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Осумнаесетгодишната пејачка доби награда и за најдобар уметник, а нејзината песна „Bad Guy“ (Лошо момче) беше прогласена за најдобра снимка на годината и најдобра песна на годината.
Церемонијата во Лос Анџелес, што ја отвори пејачката Алиша Киз, започна со едноминутно молчење за кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа.
Сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел Обама, доби награда за најдобар албум со раскажување на аудиоверзијата на книгата за нејзината автобиографија „Моја приказна“ (Becoming).