Admir Fazlagic
18 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) – Прославата по повод 10. годишнина од независноста на Косово се претвори во вистински спектакл со настап на светски познатата пејачка Рита Ора која вечерва настапи во Приштина пред десетици илјади присутни гости од земјата и регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Вечерашната прослава започна со настап на уметници од Косово, а атмосферата кулминираше со настапот на познатата пејачка Рита Ора, која со своите хитови ги забавуваше бројните посетители во центарот на Приштина.
Популарната пејачка и актерка, Рита Ора, која инаку по потекло е од Косово, на албански јазик ја честиташе 10. годишнина на независноста на Косово посакувајќи им на граѓаните напредок и просперитет, а концертот е завршен со огномет.
Прославата на деценијата на независност беше организирана под покровителство на косовскиот претседател Хашим Тачи и предвидува многу спортски и културни настани.
Одбележувањето на 10. годишнина на независноста на Косово ќе заврши утре со свечен прием од страна на претседателот Тачи, на голем број меѓународни посетители, од регионот и земјата, кои придонесоа за независноста на Косово.