СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје се одржа централната манифестација по повод одбележување на Денот на образование на турски јазик - 21 декември, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турски невладини организации во Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На вечеерашниот настан присуствуваа заменик претседателот на Владата на Република Турција Хакан Чавушоглу, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, бројни министри, пратеници, амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на државни организации и институции, како и бројни гости од различни градови од Република Македонија.
Заменик претседателот на Владата на Република Турција Хакан Чавушоглу на сите граѓани на Македонија им го честиаше Денот на образование на турски јазик.

Во својот говор, Чавушоглу нагласи дека настаните во регионот на Балканот, како и во Македонија директно влијаеле заедно врз светската и на турската историја, и додаде дека јазикот е суштински елемент за зачувување на идентитетот на еден народ.
„Без заштита на јазикот, не можат да се заштитат ниту културата, ниту традицијата“ рече Чавушоглу.
Тој рече дека употребата и заштитата на турскиот јазик во една земја како Македонија која е домаќин на многу различни култури, е од исклучително значење, и истакна дека Турција реализира бројни активности за заштита на турскиот јазик ширум светот.
„Преку ТИКА, Институтот Јунус Емре и другите државни институции и организации се подржуваат напорите на нашите браќа во различни региони за заштита на нивниот мајчин јазик, и ги поддржуваат они кои сакаат да го научат турскиот јазик. Како што покажуваме чувствителност за турскиот јазик, така и реализираме проекти за заштита на архитектонското и културното наследство во овие региони, за да им се овозможи на идните генерации да имаат корист од ова наследство“, истакна Чавушоглу, кој рече дека празниците се симбол на единството.
„Браќа мои, ќе стоиме против секоја иницијатива која за цел го зема единството. Судбината на нашиот народ кој на 15 јули излезе на улица во Турција, се совпаѓа со судбината на народот во Македонија", истакна Чавушоглу.
Тој потсети дека со повикот на претседателот Ердоган, народот на Турција излезе на улиците, и како што рече, односите со браќата од Македонија кои од срце ја споделиле победата со турскиот народ кој во ноќта на 15 јули ги елиминираше терористите на ФЕТО кои го извршија обидот за државен удар станале уште поблиски и поцврсти.
- Заев: Македонија ја поддржува Турција против терористичката организација ФЕТО
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го честиташе Денот на образование на турски јазик - 21. декември, во името на Владата, во неговото лично име и во име на граѓаните на Република Македонија и упати добредојде на високиот гостин од Владата на Република Турција, вицепремиерот Хакан Чавушоглу.

Заев упати поздрави до како што рече, пријателскиот народ на Турција и до претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот на Владата на Македонија рече дека свеченостите по повод овој празник се уште еден доказ и потврда за традицоналното пријателство и одличната соработка меѓу Македонија и Турција.
Тој нагласи дека Турција беше прва земја која, како што рече, подаде пријателска рака на самиот почеток на осомастојувањето на Република Македонија, и земја која изрази подготвеност на соработка и помош во сите сфери на општественото живеење.
Заев потсети дека освен денешниот празник Македонија и Турција одбележуваат значајни датуми, како што наведе, поврзани со една од најзначаните личности во историјата на Турција Мустафа Кемал Ататурк.
Тој нагласи дека односите меѓу Македонија и Турција се пример како да се соработува и како да се влијае врз соработката во регионот и пошироко.
„Нашите две земји немаат отворено прашање. Македонија ја поддржува Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО и тоа ќе го докажеме со нашето пријателство во иднина. Економската соработка помеѓу нашите две земји е одлична. Тоа го обезбедивме со околу 100 договори за заедничка соработка во многу области. Ретки се земјите што може да се пофалат на тој начин за соработка со друга земја", истакна Заев.
Порача дека Република Турција со силна поддршка, придонесе Република Македонија да стане активен учесник во обезбедување на глобалниот мир и безбедност, што е, како што наведе, од огромно значење за аспирациите на Македонија за членство во НАТО.
„Познато е дека приоритет на Република Македонија е членство на НАТО и Европската унија. Од Република Турција како членка на НАТО, постојано добиваме безрезервна и целосна поддршка за исполнување на тие наши аспирации. Само така Западен Балкан ќе биде побезбеден, посилен и соработката i понатаму ќе јакне", рече Заев.
Тој додаде дека Република Турција е меѓу најголемите донатори на опрема за Армијата на Република Македонија, при што рече дека пред два дена Владата на Република Македонија го прифати договорот за воена финансиска соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји кој предвидува поддршка вредна 1,5 милион долари од страна на Република Турција за Република Македонија.
Меѓу другото, Заев нагласи дека припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел на македонското мултиетничко општество и изрази уверување дека наскоро ќе има официјална посета Република Турција.
За време на манифестацијата, кога се спомнуваше името на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган се слушаа бројни аплаузи од присутните во салата, додека кога се спомнуваше името на терористичката организација ФЕТО се слушаа извикувања против оваа организација.
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, нагласи дека како што било досега, исто така, сега и во иднина ќе ги актуелизираат проблемите во иднина исто и сега ги актуализираат проблемите на Турците, рече дека никогаш нема да недостига нивната поддршка.
Ќахил упати благодарност до МАТУСИТЕБ поради тоа што активностите а националниот празник на Турците во Македонија станаа прераснаа во традиција.
„Срцето на Турците чука тука“ додаде министерот Ќахил.
На присутните им се обрати и амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, која рече дека меѓу Турција и Македонија постојат добри и блиски односи, и го поздрави она што нивните сограѓани во Македонија го зачувале турскиот јазик.

Амбасадорката Кара осврнувајќи се на активностите на терористичката организација ФЕТО во Македонија, рече: „Се надеваме дека нема да се дозволи оваа крвавата терористичка организација која претставува голема закана не само за нашата земја, туку и за сите земји во кои врши активности, да ги оцрнува вредностите на Јахја Кемал, како и да претставува закана за народот на Македонија“.
Амбасадорката Кара го поздрави она што секоја година Денот на образованието на турски јазик се прославува со голем ентузијазм, за што рече дека смета дека ќе придонесе за оживување на јазикот, религијата, културата на сограѓаните.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, истакна дека тие како иснтитуција ќе реализираат уште многу активности, и рече дека ќе дадат придонес за развојот на Турците во Македонија.
Во рамките на оваа програма беа доделени подароци за учениците од земјите од Балканот и Источна Европа, кои го научиле турскиот јазик.

По одржаните говори, следуваше забавниот дел на манифестацијата во рамките на активностите по повод празникот 21 декември, при што турската пејачка Ханде Јенер одржа концрт за бројните присутни на манифестацијата.
news_share_descriptionsubscription_contact
