Dzihat Aliju
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) – По повод 21 декември – Денот на образованието на турски јазик во Македонија, вечерва во Скопје, во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) со поддршка на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), се одржа панел дискусија на тема „133 години од раѓањето на турскиот поет, скопјанецот Јахја Кемал“, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа панел дискусија учествуваа претставници на турските институции и здруженија во земјава, како и други поканети гости.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, во изјава за медиумите истакна дека официјалното признавање на 21 декември како Ден на образованието на турски јазик во 2007 година е пресвртница за Турците во Македонија.
Емин нагласи дека овој празник веќе 10 години е најголемиот доказ за присуството на Турците во Македонија, и додаде дека 21 декември се одбележува со оваа панел дискусија во чест на Јахја Кемал Бејатли.
Хусрев Емин го опиша Јахја Кемал како дете на Македонија. „Ќе одржиме панел дискусија со ценети професори од Турција со цел подобро да го разбереме и подобро да го претставиме Јахја Кемал. Се надевам дека професорите ќе се обидат да го претстават Јахја Кемал од различни аспекти и карактеристики“, нагласи Емин, кој информираше дека утре ќе се организираат различни активности по овој повод.

Панелистот проф. д-р Јакуп Челик, декан на Факултетот за Туркологија на универзитетот „Јилдиз Текник“ во Турција, истакна дека во Скопје се наоѓа по повод сеќавање на Јахја Кемал, и додаде дека Јахја Кемал е поет и филозоф кој предизвикал подигање на свеста кај турскиот народ во периодот на уставната ера.
Челик пренесе дека тој е личност што овозможила: „една генерација да се опреми со национални чувства“.
Осврнувајќи се на неговата презентација на панел дискусијата, Челик рече дека ќе говори околу романтично-националниот став во неговите дела, за неговите идеи за историјата и како тоа го раскажува самиот Јахја Кемал.
„Ќе се обидам да раскажам како тоа го направил не само во неговата поезија, туку и во сите негови дела“, додаде Челик.