Furkan Abdula
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот културен центар „Јусус Емре“ во Скопје вечерва организираше панел дискусија на тема „Човекот на идеалот во светлината на историјата - Мехмет Акиф Ерсој и Маршот на слободата“, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа панел дискусија присуствуваше секретарот на Амбасадата на Турција во Скопје, Џем Ѓундуз, како и преставниците на турските институции и здруженија во земјата.
Оваа панел дискусија е организирана по повод 96. годишнината од прифаќањето на националната химна на Турција. Официјалниот дел на програмата започна со интонирање на турската национална химна.
Заменик директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје, Фуат Коркмаз во својата изјава за новинарите истакна дека Мехмет Акиф Ерсој е важна личност на Турската и Османлиската цивилизација, особено неговата личност како поет, писател и верски научник.
„Почестени сме што вечер ќе дискутираме за човекот на идеалот Мехмет Акиф Ерсој, кој е еден балкански поет, еден поет од Румелија. Затоа ние како институт веруваме дека оваа вечер е многу важна“, истакна Коркмаз.
„Турскиот народ поминал тешки периоди низ историјата. Еден од овие тешки периоди е турската војна за независнот. Херојството кое народот го покажал во овој период е рефлектирано и во Турската химна“, изјави за новинарите Доц. Д-р Селчук Ќуршад Коџа, професор на Државниот универзитет во Тетово.
Од друга страна, Доц. Д-р Шенер Билали, заменик ректор на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, изјави дека на оваа панел дискусија ќе разговараат во врска со Мехмет Акиф Ерсој и во врска со политичките, економските и социјалните промени на истокот и западот за време на неговиот период.
Фарук Гезгин, професор на универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, во својата изјава истакна дека ќе говори за некои делови од животот на Мехмет Акиф Ерсој, и во врска со неговиот карактер.
- Кој е Мехмет Акиф Ерсој -
Мехмет Акиф Ерсој е роден на 20 декември 1873 година во Истанбул. Бил поет, учител, ветеринар, лекар, политичар. Почина во Истанбул на 27 декември, 1936 година.
Ерсој е автор на турската национална химна „Маршот на слободата". За него, често се користат синоними како „Поет на татковината" и „национален поет".
Мехмет Акиф Ерсој е поетот на турската химна, која за прв пат се изведе пред пратениците на Турскиот парламент, на 12 март, 1921 година. Мехмет Акиф Ерсој има албанско потекло од Косово.