İlker Girit
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Градба од времето на османлискиот период во Газа е претворена во ресторан со цел да привлекува туристи во опколената палестинска енклава, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бејт Сити се наоѓа во една од најзначајните историски градби во Газа“, вели сопственикот на ресторанот, Атеф Саламах за во разговор за АА.
„Градбата стара 430 години е изградена за време на османлискиот период“, вели тој.
Ресторанот на два ката е отворен оваа недела во Ал Зејтун, јужниот дел на Газа.
„Ова е првиот ресторан во Газа кој е отворен на античко место коешто датира од пред стотици години“, вели Саламах.
Тој ги повика палестинските власти да ги сочуваат ваквите историски градби во Појасот Газа.
Според палестинското Министерство за туризам, во Појасот Газа има околу 134 историски градби.