Vesna Besiç
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ВИЕНА (АА) - Во присуство на голем број на граѓани во виенското градско собрание Ратхаус одржан е 96. цветен бал, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодишниот бал е одржан под мотото „Игра на бои“, а разновидното цвеќе ја красеше внатрешноста на виенското собрание.
Клучни бои на цветовите се светло жолта, бела, светло плава и розева. За декорацијата првенствено се користеле орхидеи во различни бои, како и лалиња, ружи и каранфили.