Fatih Türkyılmaz
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Оперската пејачка Веселинка Маџарова, кларинетистот Трајче Малинов и пијанистот Илија Настовски одржаа концерт во турскиот град Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Концертот се одржа во Културниот центар на Северна Македонија во Истанбул, со почитување на мерките за заштита од пандемијата на Ковид-19.
Пијанистот Настовски, во изјава за АА пред концертот рече дека е среќен и горд што ќе одржи концерт во Истанбул.
Тој нагласи дека на концертот ќе изведат дела од музичкото наследство и опус на Турција и Северна Македонија.
Настовски рече дека двата народа имаат заедничко минато од периодот на Османлиското Царство.
На репертоарот на концертот, покрај бројните дела, беа вклучени и делата „Те видов тебе и се заљубив“ и „Моме седи на пенџере“ од Сашо Ливрински, „Capriccio no 1“ од Анте Гргин, „Свита за пијано“ и „Марика мома убава“ од Томислав Зографски, „Кумру Балад“ од Фазил Сај и „Чанаккале“ од Озан Озѓуч.