Hasan Esen
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ЛОНДОН
Група музичари во Велика Британија за да привлечат внимание на економските проблеми со кои се соочуваат поради ограничувањата предизвкани од кризата настаната поради коронавирусот (Ковид-19) и да добијат поддршка од Владата, во Лондон организираа протест со музика, јавува Агенција Анадолија (АА).
Музичарите се собраа пред Собранието во рамките на настанот што ја нарекоа „Да живее музиката" (Let Music Live).
Поради економските проблеми што ги доживуваат за време на пандемијата, тие со музика привлекоа внимание на максималната поддршка од 20 проценти дадена на независни професионалци.
Потоа, имаше двеминутен молк, со цел да истакнат дека речиси половина од музичарите не добиваат поддршка.
На протестот се почитуваа мерките против ширњето на Ковид-19.
Во изјава за АА, музичарите истакнаа дека бараат Владата да ги подржи нивните барања.