Sorwar Alam
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - ИБРАХИМ КИЛИЧ/СОРВАР АЛАМ - Италијанска уметница која го наслика 16-годишното палестинско момче, уапсено од страна на израелските безбедносни сили, зборуваше за потребата да се покаже солидарност со Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Сликата со превезот на очите на Фавзи ал Џунаиди, кое беше одведено од десетици тешко вооружени војници се прошири на социјалните медиуми минатата недела при што корисниците ја осудија прекумерната употреба на сила од страна на Израел врз децата.
На сликата на италијанската уметничка, Алесиа Пелонзи војниците се забележуваат помалку додека набљудувачкото око е насочено кон Фавзи, чија облека и еден ракав од униформата на војникот се обоени во боите на палестинското знаме.
„Солидарноста е најважната работа во овие мрачни денови и верувам дека е едно од најмоќните оружја против неправдата“, изјави Пелонзи за АА.
Таа додаде: „Војниците го одвлекуваат детето, но можете да забележите дека сепак палестинското знаме се наоѓа на сликата. Тоа е нешто што не може да се замолчи. Не можете да го негирате нивниот идентитет “.
Фавзи беше обвинет за фрлање на камења кон војниците со избивањето на протестите против одлуката на САД да го признае Кудс за главен град на Израел.
Фотографијата беше направена во Хеброн во Западниот брег на 7 декември од Абед Ал Хашлаун.
„Ме импресионираше толку многу што веднаш одлучив да нацртам нешто во врска со тоа“, вели италијанската уметница.
„Почуствував потреба, итност да комуницирам преку моето дело и првото нешто кое го помислив беше ' Во ред, ќе го нацртам палестинското знаме во средина на сликата'“.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Кудс за главен град на Израел беше проследена со немири во кои најмалку четворица Палестинци загинаа а речиси 1.800 беа повредени.
„ За мене е многу важно да покажеме дека, дури и од страна, можеме да одлучиме да бидеме на десната страна на оваа трагична борба, со цел да заврши што е можно побрзо и да им ја гарантираме правдата на Палестинците која тие ја заслужуваат“, вели Пелонзи.