Büşra Selvi Öğütcen
08 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Истражување спроведено во Велика Британија покажува дека оние луѓе што сакаат да читаат книги се поемпатични и поуспешни во меѓучовечките односи од оние што претпочитаат да гледаат телевизија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Daily Mail“ (Дејли мејл) објави дека за време на истражувањето на Универзитетот „Кингстон“ во Лондон, на 123 учесници им било поставено прашањето дали повеќе сакаат да читаат или да гледаат телевизија.
Потоа им биле поставувани прашања за тоа дали посветуваат внимание на чувствата на другите и дали им помагаат.
Тестовите на кои беа подложени испитаниците покажуваат дека оние што времето го поминуваат читајќи се поемпатични и поуспешни во меѓучовечките односи.
Истражувачите утврдија дека читањето книги на луѓето им дава можност од повеќе аспекти да гледаат на болката на другите и подобро да ги сфатат.