Burcu Arik
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Шестиот Меѓународен филмски фестивал во Истанбул заврши со церемонијата на доделувањето на наградите на меѓународните и националните учесници, јавува Anadolu Agency (AA).
На завршната церемонија во концертната сала „Џемат Решит Реј“, наградата за најдобар странски долгометражен филм му беше доделена на палестинскиот режисер Васам Џарбави за филмот „Screwdriver“ („Шрафцигер“).
Филмот „Halef“ („Наследник“), режиран од турскиот режисер Мурат Дузгуноглу, беше избран за најдобар домашен долгометражен филм на националниот натпревар и ја освои главната награда, односно доби 100.000 турски лири (18.400 долари).
Организиран со поддршка на турското Министерство за култура и туризам и Генералната дирекција за кина, Фестивалот започна на 26 октомври.
Anadolu Agency (АА) беше глобален комуникациски партнер на Фестивалот кој имаше за цел да ги презентира последните дела од домашната и странската кинематографија пред љубителите на филмот во Истанбул.
За време на натпреварот беа претставени вкупно 88 филмови од 90 режисери од 41 земја во светот.
Победници на Фестивалот се:
Меѓународни награди:
- Специјална награда од жирито: „Land“ - Бабак Џалали
- Награда за најдобар актер: Куштрим Хоџа - „Cold November“
- Награда за најдобра актерка: Валерија Бертучели - „The Queen of Fear“
- Награда за најдобар режисер: Пејмен Мади - „Bomb, A Love Story“
- Награда за најдобар странски долгометражен филм: „Screwdriver“ од Басам Џарбави
- Награда за најдобар странски краткометражен филм: „Patison Avenue“ од Танасис Неофотистиос
- Награда за најдобар странски краткометражен документарен филм: „Volte“ - Моника Котецка, Каролина Порјзала
- Почесна награда: Бент Хамер
Награди за остварувања од турската филмска уметност:
- Награда за најдобар актер: Мухамет Узунер - „Наследник“
- Награда за најдобра актерка: Ипек Турктан - „Долг“
- Награда за најдобар режисер: Махмут Фазли Џошкун - „Соопштение“
- Награда за најдобар домашен долгометражен филм: „Наследник“ од Мурат Дузгуноглу
- Награда за најдобар домашен краткометражен филм: „Титаниум“ од Ѓокче Ердем
- Награда за најдобар домашен краткометражен документарен филм: „Враќањето“ од Несли Озалп
- Награда за најдобра кинематографија: Крум Родригез - „Соопштение“
- Награда за најдобро сценарио: „Наследник“ - Мурат Дузгуноглу, Мелик Сарачоглу
- Награда за најдобра монтажа: „Долг“ - Наим Канат