Stipe Mayiç
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
ЗАГРЕБ (AA) - На Цветниот плоштад во Загреб, изложени се моделите на првите мотоцикли „Харли Дејвидсон“ во историјата. Станува збор за мотоцикли од серијата „Харли Дејвидсон“, чија премиера е најавена за 18 октомври на каналот „Дискавери“, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за играна серија што се темели на вистинити настани, која нѐ враќа на почетокот на 20 век и го следи Бил Харли и браќата Дејвидсон додека ги составуваат првите моторцикли и ја основаат легендарната компанија „Харли-Дејвидсон“.
На Цветниот плоштад се изложени моделите: прототип на „Харли Дејвидсон“ од 1903, „ХД В-твин рејсер“од 1909, два „ХД бобер“ и еден мотоцикл од марката „Индијан“ од 1906 година, кој тогаш бил најголема конкуренција на „Харли Дејвидсон“.
Се работи за реплики што за серијата се изработени според оригиналните нацрти што компанијата и наследниците на семејствата Харли и Дејвидсон, кои компанијата ги отстапила на семејството Дејвидсон. Покрај овие модели, изложени се и најновите мотоцикли „Харли Дејвидсон“, за посетителите да стекнат впечаток за развојот на компанијата низ 113 години.
Каналот „Дискавери“ за посетителите подготвил и единствено „Харли Дејвидсон“ искуство на виртуелна реалност, а посебни гости на изложбата се членовите на „ХОГ плетер чаптер Хрватска“, кои ќе покажат како за нив возењето „Харли“ е страст што ги движи и начин на живот.