Mustafa Çiftçi
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Светски познатиот британски пејач Елтон Џон одржа концерт на Меѓународниот саем на хортикултурата, познат како ЕКСПО 2016 во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
На концертот кој долго ќе се памети присуствуваа околу 5.000 фанови на Елтон Џон.
На свеченото отворање на саемот, на 22 април, присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и голем број гости од земјава и светот.
На концертот на Елтон Џон присуствуваа голем број на луѓе од Турција, кои го посетија саемот и овој град на турскиот брег.
Концертот траеше час и половина, по што Елтон Џон се дружеше со својата публика.