свет, култура и уметност

Египетските уметници цртајќи графити и мурали се солидаризираат со Палестина

Низ египетската престолнина Каиро можат да се видат разни графити и мурали кои се исцртани како вид на поддршка на луѓето во Палестина

Bedrudin Brljavac  | 31.03.2024 - Обновена : 01.04.2024
Египетските уметници цртајќи графити и мурали се солидаризираат со Палестина Фото: Fareed Kotb/АА

КАИРО (АА) – Луѓето низ светот на различни начини им пружаат поддршка на Палестинците, кои веќе со месеци се соочуваат со брутални израелски напади во Појасот Газа, но и на Западниот Брег, јавува Анадолу.

Некои излегуваат на улица за да го изразат својот гнев против израелските напади, некои на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на израелските производи, а некои со своите уметнички дела го привлекуваат вниманието на страдањата на Палестинците.

Египетските уметници токму со цртање оригинални графити и мурали ја покажуваат својата солидарност со Палестинците и Газа.

Низ египетската престолнина Каиро можат да се видат разни графити и мурали кои се исцртани како вид на поддршка на луѓето во Палестина.

Многу графити се исцртани во форма на знамето на Палестина и границите на Палестина пред да биде окупирана од Израел. Меѓу графитите можете да ја видите и Омаровата џамија или Златната купола, Омајадската џамија во Ал-Кудс (Ерусалим) и една од најубавите во муслиманскиот свет.

Исто така, на ѕидовите на главниот град на Египет нацртан е мурал на Јасер Арафат, поранешниот палестински лидер.

Израел, кој е обвинет за геноцид, води смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Повеќе од 32.700 Палестинци оттогаш се убиени, а над 75.000 се повредени во масовното разорување и недостигот на храна и лекови.

Израелската војна, која сега е во својот шест месеци, принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремена одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање на влезот на хуманитарната помош за цивилите во Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.