Admir Fazlagic
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на бројни личности од општествениот, политичкиот и културниот живот, како и бројни граѓани од различна етничка припадност вечерва во Скопје, неформална група на млади Бошњаци организираше свечена манифестација со која беше одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Изета Бабачиќ, етнолог и наставник во училиштето „Дитурија" во Љубин, општина Сарај, рече дека образованието е најважниот сегмент на едно општество, а децата, како најмади генерации се неговата иднина, затоа според неа, најважно е да се вложат напори младите да имаат квалитетно образование и истото да го изведуваат на својот мајчин јазик. Таа во својот говор се осврна на историскиот контнитуитет на Бошњаците во Македонија како и на бројните предизвици со кои се соочувале, особено во делот на образованието.
„Бошњаците кога се доселија во Република Македонија, беа на некој начин принудени да учат на сите јазици, а само не на својот мајчин, босански јазик, бидејќи тоа е мултикомплексен проблем не само тука, туку и во светот. Тоа е единствен јазик во светот кој со закон бил укинат како јазик во 1908 година, и името Бошњак како име на една заедница. Затоа овој ден е избран за Ден на Бошњаците, кога 1993 година ни е вратен нашиот мајчин, босански јазик и нашиот назив Бошњак", рече Бабачиќ.
Џелал Хоџиќ, заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Република Македонија (АОПЗ) на присутните им го честиташе националниот празник Денот на Бошњаците и говореше за проблемите на Бошњаците во политички контекст.
„Првиот претседател на Босна и Херцеговина (БиХ) Алија Изетбеговиќ, БиХ ја опишал многу пати но ми се чини во една реченица најдобро. Вели дека Босна истовремено е и гордост и пркос. Дали ние Бошњаците овде го заборавивме тоа? Како народ имавме бурни и тешки 25 години. Сега, по 25 години, би сакал да ја вратиме гордоста и пркосот и да од нашите глави го исфрлиме тоа дека сме малцинство. Репубика Македонија е и наша држава и ние сме тука конститутивен народ", истакнувајќи дека Бошњаците во ова општество се инстакнуваат како поединци, но дека е потребно да работат колектвино со цел да ги остварат своите основни права посебно истакнувајќи го образованието на босански јазик.
Петре Шилегов, пратеник во Собранието на Република Македонија им го честита Денот на Бошњаците во Република Макеоднија и рече дека со вечерашната манифестација се покажува убавината на различностите и убавината на земјата, за што вреди секој ден да се создаде Македонија како држава којашто ќе биде како едно општество за сите.
„Ние кои ја имаме честа да носиме одлуки во интерес на нашите граѓани да ги знаеме да ги вистините такви какви што се со цел да го лоцираме и решиме проблемот за никогаш повеќе да не ни се случува да најдлабокото чувство коешто го има човекот, а тоа е националното чувство и неговиот јазик, да бидат третирани како експеримент", истакна Шилегов.
Во рамките на вечерашната манифестација, награда за позитивен придонес на општеството во областа на заштита и промоција на човековите прави и беше врачена на Мерсиха Смаиловиќ, правник по професија и претседател на здружението на жени „ЕДУ НИСА" од Скопје.
За време на културно-уменичкиот дел од програмата настапи хорот на училиштето „Дитурија" од Љубин и бошњачкото културно-уметничко друштво „Љиљан" од Скопје кои се претставија со сплет на бошњачки ора и песни.
На вечерашната манифестација присуствува Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Петре Шилегов, пратеник во Собранието на Република Македонија, како и други претставници на државни и владини институции и организации.
Честитки по повод Денот на Бошњаците, денеска упатија претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и бројни политички лидери во земјата, посакувајќи просперитет и успех во сите сфери на општеството на Бошњаците, кои се дел од мултикултурното општество на оваа држава.
- Денот на Бошњаците одбележан и во Косово: Харадинај побара БиХ да ја разгледа можноста за признавање на Косово
Со низа различни свечени, културни и забавни активности Денот на Бошњаците се одбележа и во Косово. На собирот одржан во Владата на Косово по повод 28 – септември Денот на Бошњаците, премиерот Рамуш Харадинај го повика официјално Сараево да ја разгледа можноста за признавање на државата Косово, како и укинување на визниот режим за граѓаните на Косово. Говорејќи на босански јазик, тој истакна дека Бошњаците на Косово имаат добри историски односи со Албанците како со мнозинска заедница и рече дека постои солидарност со Бошњаците поради се што поминале низ својата тешка историја
„Денеска Бошњаците се дел од власта на секое ниво, тие се почитувани граѓани на Косово, а присутни се и во останатите сфери на животот. Јас како премиер ветувам дека тие добри односи ќе ги чуваме заедно, а би ги замолил косовските Бошњаци да ја пренесат пораката до БиХ, до Сараево, и тие да ja разгледаат позицијата кон Косово и да направат некои чекори кои се важни за признавање и за слобода на движење на нашите граѓани”, порача Харадинај.