Vesna Besiç
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Во рамките на фестивалот „Rock in Rio 2017", познатата американска група Бон Џови одржа концерт во бразилскиот Рио де Женеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Спектакуларниот концерт е одржан пред голем број на фанови на славниот американски бенд, кој во август оваа година прослави 31. годишнина од албумот "Slippery When Wet", издаден во 1986 година.
Бон Џови е американски рок состав од Њу Џерси основан во 1983 година, а под водство на пејачот Џон Бон Џови, составот ствари голем успех во осумдесеттите како метал состав.
Продадоа повеќе од 40 милиони албуми во САД и над 120 милиони ширум светот. Одржаа концерти во поголемите градови во Азија, Европа, Австралија, Канада, Јужна Африка, Јужна Америка...