Kübra Chohan
21 Септември 2017•Ажурирај: 22 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Холивудските актери Харисон Форд и Рајан Гослинг во разговар со Anadolu Agency (AA) говореа за нивниот претстојен филм Блејд Ранер 2049 (Blade Runner), продолжение на филмот за научна фантастика од 1982 година.
Говорејќи во ексклузивното интервју во Берлин, Форд рече: „Никогаш не очекував да правиме втор филм. Но, Ридли Скот, кој беше режисер на првиот филм, имаше амбиција да направи втора приказна“.
Харисон Форд, инаку добитник на Златен глобус, го игра ликот на Рик Декхард, себичен полицаец, во првиот дела на „Blade Runner“.
„Тој [Скот] создаде многу интересна приказна и ми даде потенцијал да го истражувам ликот понатаму“, рече Форд.
Форд истакна дека филмот ќе биде разбирлив за оној којшто го гледа за првпат бидејќи претставува ретропродолжение, но ѝ носи и нешто ново на публиката.
Говорејќи за специјалните ефекти во филмот, Форд истакна дека тие претставуваат едно визуелно уживање, бидејќи технологијата многу е напредната од пред 35 години, кога излезе првиот филм.
Канадскиот актер Гослинг, кој имал само две години кога излезе првиот филм, рече: „Бев голем обожавател на првиот филм и секако и голема можност за мене е што ќе бидам дел од неговото наследство“.
„Бев возбуден во однос на нивото на сценариото, бидејќи претставува прекрасна приказна. Има многу интересна динамика меѓу ликовите, филозофските прашања и концептуалните идеи. Тоа е многу голема можност за мене“, рече Гослинг.
Двајцата актери кажаа дека не им е дозволено да даваат многу детали за филмот, бидејќи, како што истакна Форд, „сакаат публиката да го доживее филмот“.