култура и уметност

Во Призрен отворено 21. издание на „ДокуФест“

- На фестивалот кој оваа година се организира под мотото „How to survive?“, ќе бидат прикажани 250 филмови и документарци.

Eren Beksaç  | 06.08.2022 - Обновена : 08.08.2022
Во Призрен отворено 21. издание на „ДокуФест“

ПРИЗРЕН

Во призренскиот театар „Лумбардхи“ во Косово синоќа започна 21. издание на „ДокуФест“ - Меѓународниот фестивал на документарен и краткометражен филм, јавува Агенција Анадолија (АА).

На отворањето на ова издание на фестивалот беше прикажан филмот „Fire of Love“ на режисерката Сара Доса.

На фестивалот кој оваа година се организира под мотото „How to survive?“, ќе бидат прикажани 250 филмови и документарци.

Во рамките на фестивалот ќе се организираат и различни работилници, панели, изложби на фотографии, конференции и концерти.

„ДокуФест“ ќе трае до 13 август, кога ќе бидат доделени наградите за победничките филмови.

Продуцентот на фестивалот, Аљба Чакали, во изјава за АА истакна дека оваа година очекуваат околу 40.000 посетители на овој фестивал.

Таа нагласи дека темата на фестивалот е одредена со цел да се привлече внимание на глобалните кризи со кои се соочува светот во последните години.

„Ќе се фокусираме во пандемијата, војните, глобалното затоплување, економската криза, личните проблеми, како и на тоа како преживуваме како општество. Овогодинешните филмови всушност претставуваат документ за разните настани што се случуваат во светот“, додаде Чакали.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın