Ahmet Gürhan Kartal
20 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Британскиот музеј се подготвува да ги отвори своите врати за специјална изложба на антички пронајдоци од античкиот град Троја, јавува Агенција Анадолија (АА).
На изложбата „Троја: Мит или реалност“ од 21 ноември во специјалната галерија ќе бидат прикажани околу 300 артефакти, кои ќе ја раскажат приказната за градот.
Лонци, сребрени садови, бронзено оружје, статуи и саркофази се меѓу предметите што ќе бидат изложени, повеќето од нив се на позајмица од Берлинскиот музеј, оксфордскиот музеј „Ашмолеан“ и Данскиот национален музеј.
Повеќето артефакти биле шверцувани од Турција од германскиот археолог и бизнисмен Хајнрих Шлиман во 19 век.
На изложбата ќе бидат прикажани и копии од две дела од 19 век од богатство со златен накит, кои, исто така, биле шверцувани од Троја и се изложени во Московскиот музеј „Пушкин“.
Во артефактите ќе бидат опфатени и дела од римските и подоцнежните епохи од античкиот град, домот на „Илијада“ и „Одисеја“ на Хомер.
Лесли Фитон, кустоската на изложбата, ја истакна грешката за шверцување на артефакти од Троја во Грција од страна на Шлиман.
Зборувајќи за АА, Фитон рече дека германскиот археолог никогаш немал дозвола да ги изнесува артефактите од Турција и дека му било забрането да копа на местото, но подоцна, откако ја платил казната, добил дозвола.
„Артефактите се наоѓале во Атина, но тој ги донирал сите во Берлинскиот музеј“, рече таа, додавајќи дека некои златни парчиња, како што се „Накитот на Елена“ и „Богатството на Пријам“, биле однесени во Русија по Втората светска војна и исчезнале до 1990-тите.
„Тука има слоеви на доста сложени етички прашања за тоа каде треба да бидат овие материјали“, истакна Фитон.
Изложбата ќе биде отворена до 8 март 2020 година.