култура и уметност

Во Анкара со музика и игри одбележан фестивалот „Холи“

Амбасадорот на Индија во Анкара, Санџај Батачарја, рече дека Фестивалот на боите, кој во Индија го нарекуваат „Холи“, го претставува доаѓањето на пролетта, а за неговата земја воедно и почетокот на новата година

Nazlı Yüzbaşıoğlu, Jeyhun Aliyev  | 05.05.2019 - Обновена : 06.05.2019
Во Анкара со музика и игри одбележан фестивалот „Холи“ (Foto: Özge Elif Kızıl / AA)

АНКАРА (AA) – Во Анкара, под покровителство на Амбасадата на Индија во Турција, организиран е фестивалот „Холи“, кој го симболизира доаѓањето на пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).

На програмата одржана во Амбасадата на Индија во Анкара присуствуваа голем број Индијци, претставници на странските мисии и други гости.

Амбасадорот на Индија во Анкара, Санџај Батачарја, рече дека Фестивалот на боите, кој во Индија го нарекуваат „Холи“, го претставува доаѓањето на пролетта, а за неговата земја воедно и почетокот на новата година.

Батачарја рече дека оваа прослава воедно укажува на тоа дека минатото треба да се остави во минатото, но дека сега е време да се отвори и нова страница во животот на луѓето.

Тој додаде и дека оваа прослава која доаѓа во време кога цвета цвеќето, е показател на хармонијата помеѓу човекот и природата.

Батачарја рече дека манифестациите во рамките на овој фестивал во Индија се организираат главно кон крајот на март.

Гостите имаа можност да уживаат во богатата културна програма, а потоа да ги вкусат и специјалитетите на индиската кујна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.