Atila Altuntaş
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) – Американскиот пејач, Боб Дилан, кој беше награден со Нобеловата награда за литература во главиот град на Шведска, Стокхолм, околу 4 месеци по церемонијата ја доби својата награда, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на државната телевизија СВТ, пејачот Боб Дилан се сретна со претставниците на Комитетот на нобеловата награда во Стокхолм и му беше врачена Нобеловата награда и медалот.
Шведските академци кои присуствуваа на церемонијата, Стур Ален и Кјел Еспмарк, потврдиле дека церемонијата била одржана вчера попладне, и истакнале дека нема да дадат повеќе информации во врска со темата.
На Дилан му беше доделена Нобеловата награда за литература поради што создадол нова поетска нарација во американската музика. Дилан не можеше да учествува на церемонијата во Стокхолм која се одржа на 10 декември, годишнина на смртта на Алфред Нобел.
Пејачот ќе освои парична награда од 8 милиони шведски круни, но со цел да може да ги добие овие пари, потребно е во рок од 2 месеци да ја одржи традиоциналната Нобелова конференција.