СКОПЈЕ (АА) – ЏИХАД АЛИУ
Генералниот уметнички координатор на „Недела на Турскиот филм во Скопје“, Онер Килич, изјави дека филмовите од турската кинематографија најчесто се прикажувани на домашно кино, притоа додавајќи дека, со поддршката на Министерството за култура и туризам на Турција, потребно е турските филмови на различни организирани настани да бидат прикажувани во различни држави.
Во Скопје, од 19. до 23. Април ќе се одржи „Недела на Турскиот филм во Скопје“.
Во рамките на овој настан, во организиција на Министерството за култура и туризам на Турција и Асоцијацијата на Локална Мисла (Yerli Düşünce Derneği), со порддршка на Турската владина агенција за соработка и координација (ТИКА), ќе се одржат филмски проекции, како и средби и разговори меѓу режисери, актери и публиката.
На настанот кој ќе се случува под покровителство на Јалчин Топчу, главниот советник на турскиот претседател, ќе учествуваат различни режисери и актери.
Во изјава за Anadolu Agency (АА), Килич рече дека, проектот започнал пред 2 години, со цел да се претстави турската кинематографија на географското подрачје во Средна Азија, Балканот и Средниот Исток.
Килич пренесува дека генерално турскиот филм се прикажува на домашно тло, а притоа додаде дека, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Турција, потребно е турскиот филм да биде претставен во различни држави.
Тој нагласи дека целта на овој настан, не е само да се прикажуваат филмови на локалните граѓани, при што додаде: „Секако, овие филмови тие на некој начин ги гледаат на телевизија. Да создадеме културна интеракција. Режисерите, кои доаѓаат од Турција, актерите, сценаристите, нека се сретнат со филмските уметници во државата каде го организираме настанот. На тој начин, нека се создадат заеднички проекти базирани врз заеднички теми. Во овој регион, посебно во Скопје, имаме луѓе со кои заедно живееме 600 години. Има луѓе со кои остваруваме културна интеракција. Со години, заедно ги живееме нашите радости, таги и судбини овде.“
- „Скопје има многу важно место за турскиот свет на Балканот“
Килич вели дека, филмската уметност се базира на приказни, а дека од аспект на Турција во овој регион има многу вакви приказни.
„Еден дел на Турција е Анадолија, но Турција е присутна и овде. Можеби, не како политички субјект, но во културна смисла, Турција е присутна во регионов. Не е услов тоа да се овдешните Турци. Ние секако имаме интеракција со Албанците и Македонците. Зошто тогаш да не ја претставиме филмската уметност овде, или да правиме заеднички филмови со луѓето одовде. Вистинската цел на оваа Недела на Турскиот филм, е да се создадат заеднички филмски проекти, да се пронајдат заеднички приказни. Ова е генералната цел“, истакна тој.
Во врска изборот на градот Скопје за организирање на еден ваков настан, Килич рече дека, Скопје има многу важно место за турскиот свет на Балканот.
Според него, Скопје има Истанбулски 'шмек', култура и книжевност, како и дека е едно од важните места на османлиската култура.
„Секако, Македонија има и друго големо значење. Кога започна светската филмска историја овде имаше едно движење. Француските браќа Лумиер и Македонските браќа Манаки. Но, браќата Манаки, тогаш не беа Македонци, тие беа Османлиски граѓани. Османлиската филмска уметност започна на овие простори. Иако беа државјани на Македонија, тие беа Османлиски граѓани. Дури, кога браќата Лумиер побарале дозвола да снимаат филм на Османлиските простори, таа дозвола им се дала на браќата Манаки“, вели Килич.
Тој понатаму рече дека, поради тоа што првите темели на османлиската кинематографија се поставени на овие простори, тие имаат морален долг, како што вели тој, да им се одолжат на регионалните филмски љубители.
„За да се одолжиме, го организираме овој филмски фестивал. Во Македонија има млади талентирани филмски уметници, режисери и актери. Ако успееме турското искуство да го соединиме овде, може да се снимаат заеднички филмови или серии“, смета Килич.
- Килич во ателје дава часови по филмска уметност на младите кои ја сакаат оваа уметност
Килич раскажува дека покрај тоа што е координатор на фестивалот, тој е и режисер, и оти, држи ателје, кадешто дава часови по филмска уметност на младите кои ја сакаат оваа уметност.
Тој пренесе дека, ќе формираат атлјеа, со учество на младите од Балканот и Турција, со што како што вели, покрај филмската едукација во регионот, младите ќе имаат можност да учестуваат на едукации и во Турција.
Килич истакна дека, постојат приказни, кои ја раскажуваат турската визија и додаде: „Нашите пријатели од Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Азербејџан, Казакстан и Јордан нека се сретнат со нашата заедничка исламска култура и нека ги прават своите филмови.“
Потсетувајќи на зборовите на претседателот Реџеп Таип Ердоган, дека светот е поголем од пет, потенцира дека, ова не само со пароли, туку на светот може да му се објасни најдобро со, како што вели, „најдобрата перцепција – медиумите и филмската уметност која е трајна“.