свет, култура и уметност

Американските дипломати во Венецуела се вратија во своите домови

Во рок од 30 дена ќе се реализираат преговори за отворање меѓусебни канцеларии за конзуларни трговски работи во главните градови на двете земји, Каракас и Вашингтон

Lokman İlhan  | 27.01.2019 - Обновена : 28.01.2019
Американските дипломати во Венецуела се вратија во своите домови

Caracas

КАРАКАС (AA) - Дел од дипломатскиот персонал вработен во Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Каракас се врати во своте домови, а во рок од 30 дена ќе се вршат преговори за отворање канцеларии кои ќе се занимаваат со трговските односи меѓу двете земји и со потребите на мигрантите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Венецуела, дипломатскиот персонал кој работел во Амбасадата на САД во Каракас, заклучно со 25 јануари кога истече рокот од 72 часа кој го постави претседателот на земјата, Николас Мадуро, за да се врати во своите домови, ја напуштил Венецуела.

Се вели дека во рок од 30 дена ќе се реализираат преговори за отворање меѓусебни канцеларии за конзуларни трговски работи во главните градови на двете земји, Каракас и Вашингтон.

Според соопштението, сѐ до завршување на овој процес, дел од дипломатите во амбасадите на двете земји ќе продолжат со нивната работа, додека во случај двете земји да не постигнат договор за отворање на канцеларии, останатиот персонал во амбасадите на двете земји ќе треба да ја напушти земјата во рок од 72 часа.

Се нагласува дека Боливарската Република Венецуела ќе продолжи да ја брани сувереноста и независноста, и дека ја одбива надворешната интервенција. Се вели дека другите земји треба да постапат во рамки на почит и еднаквост.

- Што се случи во Венецуела?

Митинзите што ги организираа опозицијата и власта на 23 јануари во Венецуела, предизвикаа исклучително значајни настани за земјата и регионот.

Гваидо, претседателот на Националното собрание, во кое поголемиот дел од контролата е во рацете на опозицијата, се прогласи за привремен претседател на државата, кого потоа го признаа и земји како САД, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала.

Мексико, Турција, Русија, Куба, Кина и Боливија ја потврдија нивната поддршка за Владата на Николас Мадуро, кој соопшти дека ги укинал дипломатските и политичките односи со САД поради овие настани, но изјави дека ќе продолжат трговските односи меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın