Ahmet Salih Alacacı
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Бројот на загинатите во несреќата која се случи во југоисточната сојузна држава во Бразил, Минас Жераис, кога дојде до уривање на рударска брана, е зголемен на 34 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бразилскиот дневен весник „Фолха де Сао Пауло“, цитирајќи го Одделот за пожар на Минас Жераис, објави дека стотици лица се водат за исчезнати по оваа несреќа.
Од противпожарната служба се истакнува дека 23 лица се наоѓаат во болница.
Компанијата „Vale SA“ објави дека рударскиот отпад од браната стигнал до блискиот град Брумадињо и дека во тек се активности за евакуација.
Според извршниот директор на компанијата, на местото на несреќата се наоѓале 427 лица, од кои поголемиот дел биле рудари, додека 279 од нив биле спасени.
Причината за несреќата е сѐ уште непозната.
Во меѓувреме, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изрази жалост во врска со инцидентот и испрати тројца министри во областа каде што се случи оваа катастрофа.