култура и уметност, Балкан

Амбасадорот на Туркије во Скопје Улусој присуствуваше на 36. Саем на книгата

„Објавувањето на овие дела на турски јазик е многу вредно. Му придаваме големо значење на одржувањето на турскиот јазик во Северна Македонија. Како Амбасада, секогаш ја поддржуваме работата на турската заедница на оваа тема“, рече амбасадорот Улусој

Dzihat Aliju  | 20.04.2024 - Обновена : 22.04.2024
Амбасадорот на Туркије во Скопје Улусој присуствуваше на 36. Саем на книгата Фото: Џихат Алију - АА

СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Фатих Улусој, присуствуваше на 36. Саем на книгата во Скопје, известува Анадолу.

Амбасадорот Улусој го посети штандот на издавачката куќа „Јени Балкан“ од Северна Македонија, кој е отворен со поддршка на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Туркије (YTB).

Претставниците на издавачката куќа го информираа амбасадорот Улусој за своите активности, а потоа амбасадорот разговараше со Бурџу Алији и Ѓулај Алче, авторките на книгите „Приказни од мама Умај“ и „Јас имам сон“ промовирани во рамките на саемот, кои издавачката куќа „Јени Балкан“ ги објави со поддршка добиена од Министерството за култура на Северна Македонија.

Во изјавата за новинарите, амбасадорот Улусој рече дека за првпат присуствува на Саемот на книгата во Скопје и со задоволство забележал дека саемот привлекол голем интерес.

Зборувајќи дека се промовирани книгите објавени од „Јени Балкан“, единствената издавачка куќа на турски јазик која учествува на саемот, амбасадорот Улусој рече:

„Подготовката и објавувањето на овие дела на турски јазик е многу вредна. Му придаваме големо значење на одржувањето на турскиот јазик во Северна Македонија. Како Амбасада, секогаш ја поддржуваме работата на турската заедница на оваа тема, со нашите релевантни институциите тука. Објавувањето на овие книги и овие дела е од исклучително значење за нас.“

Потсетувајќи на весникот Бирлик, кој беше првиот весник објавен на турски јазик во земјата во 1944 година, Улусој истакна дека тој се користел како учебник во училиштата и дека тоа е показател за копнежот и потребата за турски јазик.

Честитајќи и заблагодарувајќи ѝм се на Издавачката куќа „Јени Балкан“ и авторите на книгите за нивната работа, амбасадорот Улусој на издавачката куќа „Јени Балкан“ ѝ ја честиташе 20-годишнината од основањето.

Амбасадорот на Туркије го посети и штандот на училиштата на Турската фондација Маариф (ТМВ) во Северна Македонија во рамките на неговите контакти на саемот и се информираше за активностите од надлежните.

Муртеза Сулуоџа, сопственикот на издавачката куќа „Јени Балкан“ и главниот и одговорен уредник на весникот „Јени Балкан“, за АА изјави дека авторите на објавените книги промовирани на саемот биле учесници на онлајн работилницата за пишување организирана од страна на Турската агенција за соработка и координација. (ТИКА), Евроазискиот сојуз на писатели и Балканскиот сојуз на писатели.

Информирајќи дека промовираните книги се состојат од приказни, Сулуоџа рече: „Друга карактеристика на овогодишниот саем на книгата е што ја прославуваме 20-годишнина од основањето на ‘Јени Балкан’ “.

Наведувајќи дека во рамки на саемот ќе организираат различни настани, Сулуоџа рече дека годинава за првпат на саемот ќе донесат ученици од основните и средните училишта од цела Северна Македонија.

Саемот што се одржува во спортската сала Борис Трајковски во Скопје ќе биде отворен за љубителите на книгата до 24 април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.