16 Август 2023•Ажурирај: 18 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - „Фестивалот на светлината во шумата“ наречен „Светлини и соништа“ во паркот „Турксел платинум“ во Истанбул привлекува многу љубители на уметноста, јавува Анадолу.
Во организација на „Универзал парк“, Фестивалот е подготвен од меѓународен тим од 120 луѓе составен од дизајнери, сценаристи, инженери и уметници.
Фестивалот, кој на посетителите им нуди посебно искуство на светлосни инсталации, содржи повеќе од 50 тематски области на површина од 50.000 илјади квадратни метри и ќе трае до крајот на септември.