12 Август 2023•Ажурирај: 14 Август 2023
РУСЛАН РЕХИМОВ
Азербејџанскиот сликар Тахир Хамидли ги користи камењата што ги собира од бреговите на реките и карпите, како „платно“ за сликање, јавува Анадолу.
Хамидли живее во азербејџанскиот град Шеки, кој е познат по своите историски и природни убавини.
Тој го привлекува вниманието на луѓето со делата што ги прави на уникатен начин.
Хамидли на овие камења ги слика историските и верските објекти што се наоѓаат во Шеки, а неговите дела го привлекуваат вниманието на домашните и странските туристи.
Тој во изјава за Анадолу рече дека веќе долго години се занимава со сликарство.
Хамидли раскажа дека претходно сликал на хартија и на платно, а веќе околу 20 години слика и на камења.