Aida Cako
30 Јуни 2025•Ажурирај: 02 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Земјоделците во колумбискиот град Моникира, во регионот Бојака, ја организираа 19. регионална трка со магариња, јавува Анадолу.
Трката е организирана со цел да се истакнат историското и културното значење на овие животни во секојдневниот рурален живот.
Настанот, кој се одржа вчера, вклучуваше различни натпревари и активности посветени на улогата што магарињата ја играат во транспортот, земјоделството и локалната традиција.
Трката привлече голем број посетители, кои имаа можност да присуствуваат на весело организираниот културен собир.