Erbil Başay
12 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
БЕРЛИН (АА) – Објавени се победниците на 34. Европски филмски награди, а наградата за најдобар филм му припадна на филмот од Босна и Херцеговина „Quo Vadis, Aida?“ („Каде одиш, Аида?“), јавува Агенција Анадолија (АА).
Филмот на Јасмила Жбаниќ раскажува за геноцидот во Сребреница и доби уште две награди на церемонијата.
Жбаниќ ја освои наградата за најдобар режисер, додека Јасна Дуричиќ беше наградена за најдобра актерка за нејзината улога во филмот.
Режисерката им ја посвети наградата на мајките и жените од Сребреница, како и на убиените татковци, сопруги и синови.
Наградата за најдобар актер му припадна на Ентони Хопкинс за улогата во „Таткото“, а за најдобро сценарио беше избрано сценариото на Флоријан Зелер и Кристофер Хемптон за нивната работа на филмот.
Наградата за најдобра комедија беше доделена на „Нинџабејби“, во режија на Ингвилд Све Фликке.
„Fleet“ (Флота), во режија на Јонас Похер Расмусен, ја доби наградата за најдобар документарен филм и најдобра анимација, додека данската режисерка Сузане Биер беше наградена за нејзиниот придонес во европската кинематографија низ светот.
Церемонијата организирана од Европската филмска академија се одржа онлајн поради пандемијата на коронавирусот.
Европските филмски награди се сметаат за „Оскари на Европа“.